Според МЗШВ, исплатата е извршена на земјоделските стопанства, производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози кои произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година.
„Се што се вети, се исполнува. Грижата за земјоделците е наш приоритет“, наведува МЗШВ.