сабота, 19 октомври 2024

МЗ: Пристигнаа 11.520 дози вакцини против ковид 19

Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против ковид-19.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за 11.520 дози кои во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови. За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против ковид 19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом. Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника Бит Пазар.

Инаку, вакцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.

Потсетуваме дека вакцинацијата претставува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни заболувања.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ