недела, 14 април 2024

МВР воведе електронско поднесување на барање за лични документи, известувањето ќе биде по телефон

МВР информира дека воведе можност граѓаните преку интернет, односно електронски, да поднесат барање за вадење на нови лични документи, а потоа во најкус можен рок да бидат известени по телефон за терминот. Ваквата можност е воведена поради поплаките од граѓаните дека со денови попусто по телефон се обидувале да добијат некој од операторите за да побараат термин за вадење на документи со новото уставно име на државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја информираме јавноста дека од вчера воведовме уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи.

Имено, во оваа секција наречена ‘Поднеси барање за термин’ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.

До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк.

Инаку, дали ова ќе биде ефикасен начин да се поднесе барањето ќе се покаже набрзо. Претходно постоеше можност да се поднесе барање преку интернет, но таа интернет платформа престана да функционира, а на телефонските броеви за закажување преку мобилен и преку фиксен телефон е многу тешко да се добие некој од операторите.

Според законите произлезени од Преспанскиот договор, од 13 февруари годинава престана важноста на пасошите, додека за внатрешна употреба другите лични документи и регистерски таблички може да се користат до крајот на годинава доколку не им е истечен рокот на важност, откако во „5 до 12“ беа донесени законски измени и измени на правилници на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ