сабота, 27 јули 2024

МВР влезе во МОК, претседателот Димевски е изненаден

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски преку соопштение изрази изненаденост од контролата извршена од службите на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

Неодамна Даниел Димевски доби нов мандат за претседател на МОК. Тој смета дека МВР нелегално извршила контрола во канцелариите на МОК каде побарала документација поврзана со изборното собрание кое се одржа на 8 февруари.

„Во духот на целосно транспарентно и отчетно работење на Македонскиот олимписки комитет (МОК), ве информираме дека денеска (19.02.2024) служби од Министерството за внатрешни работи (МВР) од канцеларијата на МОК побараа документација поврзана со Редовното изборно собрание што се одржа на 8 февруари 2024 година.
МОК им ја достави целокупната барана документација со записник, која вклучува:
– Комплетна видео снимка од изборното собрание
– Статут, Деловник и Олимписка повелба
– Мислења на спортско-арбитражниот суд
– Изјави од членовите на верификациската комисија
Како организација која секогаш е максимално транспарентна и отворена за соработка со сите надлежни органи, институции и организации, МОК е изненаден од постапката на одредени државни институции кои според законските одредби немаат надлежност да ја контролираат постапката за спроведување и одржување на изборно собрание, како и одлуките донесени на тоа собрание.
Очигледно е дека некому му пречи резултатот од редовното изборно собрание на МОК и донесените одлуки од страна на делегатите и затоа не престанува црната кампања против раководството на МОК.
Одлуките донесени на изборното собрание и изборот на Даниел Димевски за претседател на МОК и во следните четири години беа донесени јавно и според одредбите пропишани во правните акти на организацијата. Овие одлуки и изборот на претседател ги поздравија највисоките меѓународни олимписки организации, како што се Асоцијацијата на национални олимписки комитети (ANOC), Европскиот олимписки комитет (EOC), Меѓународниот комитет на медитерански игри (ICMG), како и многу национални олимписки комитети.
Во духот на досегашното работење, МОК ќе продолжи да работи единствено како што умее и треба, јавно и транспарентно, без оглед на обидите на поединци и групи да го дискредитираат раководството и организацијата“, се вели во соопштението на претседателот на МОК, Даниел Димевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ