сабота, 27 јули 2024

МВР веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската полиција се преземаат мерки за организација на преземањето на лицето и негова екстрадиција во Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи по информацијата од Јавното обвинителство дека МВР треба да ја спроведе екстрадицијата. Денеска турските власти известија дека е дозолена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо, лицето кое во Македонија е осомничено за две убиства.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи. По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување“, соопшти попладнево ЈО.

Палевски е во екстрадициски притвор во Турција, каде беше приведен од тамошните власти по распишана потерница. Тој е првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, односно за две кривични дела „грабнување“ и две кривични дела „убиство на свиреп начин“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ