„На 17 јули 2023, во 16.10 часот, во полициската станица Штип, Е. Н. (25) од с. Бучим, Радовишко, пријавила дека околу 15.30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Пресметката се случила вчера во текот на попладневните часови, а од снимката што е објавена се гледа како на еден ќош се тепаат три жени, а од другата страна двајца мажи.