Во потерницата покрај фотографија на Палевски се содржани основните информации за неговото раѓање, место на живеење како и информации за кои кривични дела се бара.
„Љупчо Палевски родена на 12.12.1964 година во Скопје. Се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела грабнување и убиство по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, пишува во потерницата што вечерва ја распиша МВР.
Со оглед на тоа што е распишана меѓународна потерница тоа значи дека во истрагата за двојното убиство се вклучува и Меѓународната организација на криминалистичката полиција (ИНТЕРПОЛ).
Од скопското Јавно обвинителство информираа дека за осомничениот Палевски кој е во бегство, по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривичните дела грабнување и убиство.
„Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, информираа од Обвинителството.
МВР и Јавното обвинителство денеска на прес конференција потврдија дека во овој случај осомничени се петмина од кои тројца се веќе во притвор, Палевски е во бегство, а за петоосомничениот, таткото на Вања судот дополнително одлучува по предлогот на Јавното обвинителство и нему да му биде определена мерка 48 часовен притвор.