На подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска околу 01.30 часот во Скопје ги лишиле од слобода В.С.(42) од с.Ново Село, скопско и М.А.(24) од нас. Илинден, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблети-екстази.
Денеска (01.01.2025) во 04.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.П.(59) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.
Утринава во 07.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Ф.Д.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Веднаш по пречекот на Новата година, во 00.50 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.З.(27) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Нешто подоцна,во 02.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.С.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Уште еден сличен случај, во 03.45 часот во Скопје е регистриран во угостителски објект на подрачјето на Карпош, во кој полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода В.С.(38) од Виница, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
На 31.12.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода З.Д.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 31.12.2024 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода П.В.(28) од Германија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 31.12.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода И.И.(49) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случите ќе следуваат соодветени поднесоци.