Дисциплинските постапки биле спроведени во текот на минатата недела.
Отказ добиле С.М. и Ј.И. од Демир Хисар бидејќи не дошле на работа три последователни дена, и Е.Д. од полициската станица Аеродром, бидејќи извршил кривично дело на работното место.
Другите десет полицајци биле казнети парично.
Пред десетина дена МВР исто така презеде дисциплински постапки против свои вработени. Тогаш исто беа отпуштени од работа тројца полицајци, а повеќемина беа парично казнети.