сабота, 21 декември 2024

МВР приведе криумчар од кумановски Сопот, го фатиле на лице место со мигранти од Турција

Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Сопот и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово денеска во 13:30 часот во село Сопот, кумановско, го лишиле од слобода А.Љ. од истото село.

Објавено на

часот

Сподели

Тој, како што информираат од МВР, бил затекнат како во патничко возило бмв со кумановски регистарски ознаки, превезувал две лица, мигранти од Турција од обиколницата кај село Табановце до село Сопот.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ