„Од вработени во Шумска полиција Радовиш тракторот и приколката биле одземени, а при лишувањето, Ш.Ј. агресивно се однесувал кон полициските службеници. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираше МВР.
А, полицијата синоќа во атарот на село Трубарево ги лишила од слобода С.А., Б.Д. и еден малолетник кои биле затекнати како незаконски сечат дрва.
МВР соопшти дека дрвата и моторната пила биле одземени и предадени на Шумската полиција.
По целосно документирање на случајот, против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава.