сабота, 27 јули 2024

МВР презеде мерки за безбедноста во Арачиново, министерот упатува на „меѓусебно расчистување на недоразбирањата“

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека тоа што се случува во Арачиново се работи кои мора да се расчистат меѓусебно, затоа што меѓусебните конфликти коишто ги имаат лица од иста политичка провиниенција и лица со исти интереси не смее негативно да се одразува на граѓаните, на работата на Општината, во смисла на функционирање и на потребите и остварување на потребите на граѓаните на Арачиново. Ние од наш аспект преземаме низа мерки кои значат да им помогнеме во овој дел, но тие ‘должничко-доверителски односи’, кои ги имаат внатре од секаков аспект со тоа што располагаме како полиција ќе мора да ги расчистат и да покажат дека приоритет се граѓаните на Арачиново. Мене ми е жал што Општината повторно се враќа во некое време во кое немаше никаква функционалност и не се решаваат ниту еден од проблемите кои се на граѓаните“, изјави Спасовски по средбата со Одделот за воздухопловни единици при МВР што се одржа во Идризово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ