петок, 21 јуни 2024

МВР потврди, приведени се лицата кои го нападнаа автобусот на Чкембари

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека се приведени четири лица кои го каменувале автобусот на Чкембари на излезот од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

По вчерашниот меч меѓу МЗТ Скопје и Пелистер, навивачите на гостите при напуштање на градот имаа непријатен настан, нивниот автобус беше каменуван. Од Пелистер го пријавија инцидентот во полиција, а од таму сега има известување дека четворица напаѓачи се приведени.

„На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(35), Љ.П.(35), двајцата од Скопје, Н.А.(21) од Илинден, скопско и В.С.(18) од Петровец, скопско, затоа што каменувале автобус во движење, при што ги оштетиле прозорците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, стои во известувањето од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ