недела, 20 октомври 2024

МВР потврди дека еден е тешко ранет во вечерашната пукотница во Ченто

Според првичните информации било пукано во возило во движење во кое имало две лица, од кои едниот е тешко ранет и е пренесен на натамошно лекување на скопските клиники.

Објавено на

часот

Сподели

Според неофицијалните и првични информации мета било лицето Н.А. Пукањето се случило кај местото викано Агросервис. На лице место се пронајдени седум чаури.

„На 19 август 2024 година околу 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило пасат со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Претходно МКД.мк објави дека во пукотница во скопската населба Ченто еден е тешко ранет и е пренесен на лекување на скопските клиники.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ