петок, 13 декември 2024

МВР поднесе кривична пријава за нападот со пиштол и нож по веселба лани во август

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(68) од с.Горно Седларце, А.Р.(32), С.Р.(38), Р.Р.(49), сите од с.Радиовце, тетовско, Л.М.(38) и И.М.(24) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Објавено на

часот

Сподели

„На 04.08.2023, по претходна расправија во угостителски објект во с.Волковија, општина Брвеница помеѓу првопријавениот и Ф.М., која била ангажирана на семејна веселба, И.М. заедно со Ф.М., која е негова вереница, се упатиле во с.Радиовце, каде биле пресретнати од останатите пријавени. Притоа, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, во која А.Р. со нож нанел повреди на Л.М. и Ф.М, а третопријавениот репетирал пиштол кон И.М. и Л.М..“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ