недела, 19 мај 2024

МВР поднесе кривична пријава против Курто Дудуш, незаконски поставувал директори во градинка

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, информираа од МВР

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца и именувал директори на детска градинка лица кои не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка“, информираа од МВР.

Ова не е прва кривична пријава за Курто Дудуш. Во 2020 година прво беше обвинет па потоа и осуден со опомена за нападот врз Демир Исмаил на ромскиот бал во 2018 година.

Во 2019 година пак, на социјалните мрежи се појави аудио снимка за која се тврдеше дека се слуша гласот на Дудуш како наводно тепа човек. Обвинителството тогаш најави дека ќе го истражи случајот по добиена пријава од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ