Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите.
„Секторот за компјутерски криминал изврши проверки во врска со телефонските измами и утврди дека за манипулација со повици можат да се користат повеќе алатки како што се:
- Воајпи (VoIP)-услуги: Услугите за глас преку интернет протокол „воајпи“ (VoIP) овозможуваат корисниците да вршат повици преку интернет. Многу провајдери на „воајпи“ нудат функции како пренасочување на повици, маскирање и рутирање преку виртуелни броеви.
2. Апликација за лажирање: Софтвер и апликации, како „спуфкард“ (SpoofCard) или слични алатки, овозможуваат корисниците да го изменат “колер ајди“ што се прикажува. Овие алатки се често промовирани за приватни или деловни цели, но може да бидат злоупотребени.
3. Пебеиск (PBX)-системи (Приватни разменувачки мрежи): Бизнисите користат пебеикс-системи за управување со дојдовни и излезни повици. Овие системи можат да пренасочуваат повици преку различни броеви и да го изменат „колер ајди“ за професионални цели.
4. СИМ- замена: Се однесува на измамнички техники каде што напаѓачите го пренесуваат бројот на жртвата на друга СИМ-картичка за да пресретнат повици и пораки, наведуваат од МВР.
Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните да бидат претпазливи при примање на телефонски повици од непознати броеви, или од броеви кои се претставуваат како доверливи институции, никогаш да не споделуваат лични податоци, банкарски информации или лозинки преку телефон, а доколку се сомневаат дека се жртва на ваква измама, веднаш да го пријават во најблиската полициска станица.