Тошковски рече дека веќе се приведени неколку лица, организатори на концертот и дека се рабори на утврдување на одговорноста и на други лица.
За тоа дали дискотеката имала дозвола, кој ја издал дозволата и кој воопшто потпишал да има дискотека во ваков трошен објект, Тошковски рече дека сите детали дополнително ќе се утврдат. „Во координација сме со ЈО и јавноста многу добро знае во каква состојба беше дискотеката“, рече Тошковски.