петок, 26 јули 2024

МВР: Од 13 февруари во странство само со пасош со новото име, возачките дозволи со РМ не важат

Од 00 часот на 13 февруари македонските граѓани без пасош со Република Северна Македонија не може да излезџат од државата. Во странство нема да може да се патува и со сообраќајна дозвола со Република Македонија. Личната карта со Република Македонија се уште ќе важи. Важечки ќе бидат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија,  соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

МВР извести дека согласно веќе донесените законски измени, а во врска со Преспанскиот договор,  престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија.

„Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи  воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Исто така, потенцираме дека кој било граѓанин на Република Северна Македонија кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа“.  

За личните карти МВР извести дека тие ќе важат и по 13 февруари, без разлика дали се со името Република Македонија или Република Северна Македонија и граѓаните ќе можат да ги користат непречено на територијата на нашата држава. За излез, пак, од државата во земјите со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, граѓаните нема да бидат враќани од страна на нашите гранични полициски службеници доколку имаат лична карта со името Република Македонија, но од МВР соопштија дека „не можеме да гарантираме дека ќе бидат примени од другите држави. Истото важи и за сообраќајните дозволи, како и за личните карти“.

Околу возачките дозволи, МВР соопшти дека од 13 февруари ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија.

„Апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета.   

Во однос на налепниците НМК за регистерските таблички, повторуваме дека тие се комплетно бесплатни за граѓаните, а секоја евентуална злоупотреба  односно било какво наплаќање ќе биде ригорозно санкционирано. Граѓаните можат во било која станица за технички преглед да отидат со возилото и сообраќајната дозвола и од страна на контролор од станицата за технички преглед ќе им бидат залепени налепниците на регистерските таблици“, соопшти МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ