сабота, 27 јули 2024

МВР објави меѓународна потерница по Муареми, се бара за убиство и други кривични дела

На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи е објавена меѓународната потерница по Шеваљ Муареми, за кој постојат сомненија дека бил дел од меѓународна организирана криминална група осомничена за повеќе кривични дела.

Објавено на

часот

Сподели

„Муареми Шеваљ од татко Азби мајка Азбије род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул .5 бр.1 с.Грчец општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 година. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ“, се наведува во потерницата на МВР.

Во јануари, годинава, беа поднесени кривични пријави против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства.

Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, која ја предводел Муареми (46) од село Грчец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ