среда, 23 октомври 2024
Потрагата трае

МВР објави фотографија од исчезнатата тинејџерка: Се бара Вања, висока 175 см, со темнокафена коса…

Објавено на

часот

Сподели

„ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје. Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ ‘Песталоци’ во општина Центар Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’“, стои во описот на МВР. 

Полицијата цела ноќ пребаруваше и ја продолжи потрагата по 14-годишната ученичка која вчера тргна, но не стаса до училиште. Нејзиниот телефон е исклучен од вчера утро, а Вања ја нема повеќе од 24 часа.

Министерството за внатешни работи извести дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако вчера во 8.35 часот нејзината мајка З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка е исчезната.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ