сабота, 27 јули 2024

МВР ќе испитува како настанал пожарот под скопско Кале во кое изгореа пет автомобили

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот што избувна вчера под скопското Кале, во кој беа опожарени пет патнички возила, а повредени нема.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е извршен увид  по пожарот кој настанал на улица Лазар Личеновски, на дивиот паркинг кај поранешниот полигон за полагање возачки испити, при што горела сува трева.

Пожарот во СВР Скопје бил пријавен вчера во 13:25 часот, а бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје.

„Од пожарот целосно биле опожарени пет патнички возила со скопски регистарски ознаки, сеат леон – сопственост на Б.А., мерцедес – сопственост на М.Г., сеат леон – сопственост на М.Т., тојота –  сопственост на А.Т. и рено – сопственост на Б.Б. сите од Скопје. Од пожарот делумно било опожарено и патничко возило хјундаи со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А.“, соопшти МВР.

Како што вчера информираше Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, во гасењето на пожарот биле вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари.

Томевски изјави дека интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот и оти причинета е само материјална штета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ