сабота, 27 јули 2024

МВР ги пронајде двете исчезнати девојчиња од струшко

Полициски службеници денеска ги пронајдоа двете девојчиња од струшко, што завчера вечерта беа пријавени како исчезнати.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека малолетничките биле пронајдени во Скопје и ќе им бидат предадени на родителите

„Полициски службеници од ЕБР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје, денеска во центарот на Скопје ги пронајдоа двете малолетни девојчиња А.С. од селото Ложани и Т.П. од селото Мороишта, и тие ќе бидат предадени на родителите“, изјави Димоски.

Двете девојчиња, според него, и претходно биле пријавувани дека бегале од дома па биле враќани дома.

Двете малолетнички биле пријавени во средата вечерта во Полициската станица во Струга дека ги нема од мајката на едно од девојчињата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ