сабота, 21 декември 2024
На средба со Транспаренси Интернешнл

МВР ги насочува сите свои капацитети во борба со корупцијата, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со претседателот на невладината организација „Транспаренси Интернешенл – Македонија“, Благоја Пандовски.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР соопштија дека средбата доаѓа во време кога Министерството за внатрешни работи се залага максимално и ги става на располагање сите свои капацитети за бескомпромисна борба против корупцијата на високо ниво и оттука и двете страни ја оценија како навистина потребна и продуктивна.

За време на средбата бил претставен извештајот насловен како Национален систем за интегритет, во кој детално се разгледува работењето и функционалноста на 15 државни институции во периодот од 2022-2023 година.

„Воедно разговарано беше и за зајакнување на интегритетот на полициските службеници, како и на сите останати вработени во Министерството за внатрешни работи, а предложени беа и модалитети за остварување на таа цел. Во таа насока, двете страни разговараа за потпишување на Меморандум за соработка преку кој би била олеснета натамошната соработка од заеднички интерес“, се наведува во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ