вторник, 28 мај 2024

МВР: Фотографии од избирачки списоци и заокружени гласачки ливчиња најдени кај двајца охриѓани

МВР соопшти дека со судска наредба е извршен претрес во домовите на двајца охриѓани, членови на избирачки одбори од политичка партија, и кај нив се најдени фотографирани избирачки списоци и фотографирани гласачки ливчиња со заокружен кандидат за претседателските избори пред две недели.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори одржан на 24 април, од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.

При претресот пронајдени се два мобилни телефони, во кои се пронајдени фотографии од избирачки список со лични податоци од гласачи во избирачкиот список, фотографии од гласачки ливчиња со заокружен број, кои се испраќани од гласачи како доказ дека го дале својот глас за еден кандидат, потоа споделени во креирана група за комуникација на мобилна апликација за комуникација.

Со двете лица извршен е разговор во полициска станица. Дополнително, во текот на денешниот ден повикани се и други лица со цел обезбедување на дополнителни доказни материјали за кривичното дело по член 149 од КЗ “злоупотреба на лични податоци” и прекршок по член 190 став 2 од Изборниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.

МКД.мк вчера информираше за овој случај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ