сабота, 27 јули 2024

Муслиу: Секој следен меч е нова историја, очекуваме да правиме уште подобри резултати

Објавено на

часот

Сподели

Нема одмор за репрезентативците, по напорната сезона во своите клубови, во јуни треба да одиграат четири меча за националните селекции.
 
Македонија во четврток во Разград игра против Бугарија во првиот меч од новата сезона во Лигата на нации.
 
„Желбата да играш за репрезентација е поголема од одмор, така што сто отсто сум сигурен дека ќе бидеме максимално концентрирани на тренинзите и на мечевите. Селекторот верува во нашите квалитети, а тоа нам ни влева самодоверба. Ние докажавме дека знаеме да победуваме, сега гледаме напред на секој следен меч, а тој следен меч е шанса за нова историја која треба да продолжиме да ја пишуваме“, вели Муслиу.
 
„Нормално е да има освежувања во тимот, секој пат е потребно такво нешто. Ние после сѐ што поминавме во март, очекуваме да направиме уште подобри резултати, а тоа значи да сме први и победнички да ја почнеме оваа Лига на нации“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ