сабота, 27 јули 2024
Најголема победа во историјата за 21-годишниот италијански тенисер

Мусети направи сензација, го елиминираше Ѓоковиќ од турнирот во Монте Карло

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-4 и ништо не наговестуваше дека денеска може да заврши неговото учество на турнирот во Монте Карло.

Втроиот сет беше исклучително необичен, беше полн со брејкови. Мусети освои дури пет гејма на сервис на Новак Ѓоковиќ, додека Србинот четири пати го направи истото. Сетот го доби Италијанецот со 7-5.

Во третиот решавачки сет, Ѓоковиќ спаси четири меч топки, но не и петтата. Мусети го доби сетот со 6-4 и победи во мечот со 2-1 во сетови.

Големи беа емоциите кај италијанскиот тенисер по победата, имаше и солзи во неговите очи.

Мусети во четвртфиналето ќе игра против неговиот сонародник Синер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ