петок, 17 јануари 2025

Муртезани во Полска потврдил дека Македонија останува посветена на европската иднина

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани се сретна со полскиот министер за европски прашања, Адам Шлапка, во рамки на неговата посета на Варшава, Полска.

Објавено на

часот

Сподели

Средбата, како што информира Министерството за европски прашања, се одржа во духот на одбележувањето на почетокот на полското претседавање со Советот на Европската Унија.

„На средбата се разговараше за приоритетите на полското претседавање, со особен акцент на зајакнувањето на европската перспектива за земјите од Западен Балкан, вклучително и  Македонија. Министерот Муртезани ги истакна досегашните постигнувања на Македонија во пристапните преговори со ЕУ и ја нагласи важноста на поддршката од земјите-членки за понатамошно унапредување на интегративниот процес“, се наведува во соопштението.

Министерот Шлапка ја потврдил заложбата на Полска за активно поддржување на европските аспирации на Македонија, истакнувајќи дека проширувањето на Европската Унија останува еден од клучните приоритети на полското претседавање.

Двајцата министри, како што се наведува, се согласија дека зајакнувањето на регионалната соработка, економската стабилност и имплементацијата на реформите се од суштинско значење за создавање на стабилен и просперитетен регион.

Министерот Муртезани изразил благодарност за континуираната поддршка на Полска и нагласил дека активниот дијалог со земјите-членки на ЕУ е клучен за успешното спроведување на пристапниот процес.

„Македонија останува посветена на својата европска иднина, а полското претседавање претставува можност за натамошно зајакнување на заедничките цели за стабилен, интегриран и просперитетен Балкан“, се наведува во соопштението од Министерството за европски прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ