понеделник, 4 март 2024
За одлуките од средбата со Таравари

Mуртезани: Работни групи на ЕСП ќе ја сплотат АА во опозициската коалиција

Портпаролот и висок функционер на Алтернатива, Орхан Муртезани на новинарско прашање што одлучиле лидерите на Европски сојуз за промени на средбата со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во неговиот градоначалнички кабинет во Гостивар, рече дека ќе се формираат работни групи чија задача ќе биде Алијанса за Албанците да се сплоти во сојузот со Алтернатива, Беса и Демократско движење.

Објавено на

часот

Сподели

„Решено е да се обедини предизборната програма и потоа да се донесе одлука за кандидат за претседател и за имиња на носителите на изборните листи. Влегуваме во клучни одлуки“, рече Муртезани.

На друго новинарско прашање рече дека една од клучните теми беше и прашањето за кандидат за претседател и нагласи дека согласно уставните рокови, таа одлука брзо ќе биде донесена.

„Не сакам да коментирам внатрешни работни во Алијанса за Албанците, но треба да биде јасно дека на овој начин, и со приклучување на други политички субјекти и поединици, нема да има дилеми дека Европски сојуз за промени ќе биде победник на изборите. Без оглед дали и кај кого ќе биде печатот на Алијанса за Албанците“, рече Муртезани.

Како што веќе објави МКД.мк лидерите на Европски сојуз за промени, Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити, заедно со претставникот на косовско Самоопределување, Беким Ќоќу, одржаа состанок со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Пред средбата рекоа дека ќе му дадат поддршка на Таравари за одлуките кои ги донел деновиве.

Како што е познато, дојде до расцеп во Алијанса за Албанците, поддржувачите на Таравари се приклонија кон негоата одлука на изборите да се оди со Европски сојуз за промени, додека поддржувачите на поранешниот претседател, Зијадин Села, се приклонија кон неговиот став за самостоен изборен настап на партијата.

Во меѓувреме разрешени се Азир Алиу и Фатмир Меџити од министерските позиции, додека премиерот Талат Џафери не побара од Собранието на Македонија разрешување на третиот министер од редовите на Алијанса за Албанците, кој остана на ставот на Села, односно, не премина во опозиција.

Се чини дека партискиот печат остана кај Зијадин Села.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ