недела, 23 јуни 2024

Муртезани од Алтернатива ќе ги раководи евроинтеграциите во владата на Мицкоски

Орхан Муртезани, поранешен директор на МЕПСО и функционер од раководството на Алтернатива ќе биде министер за евроинтеграции во Владата на Христијан Мицкоски. Љуљзим Алиу партијата го предложи за заменик министер за образование, а Сафије Садики Шаини за заменик министерка за односи меѓу заедниците.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Како што е познато, Алтернатива ја доби и функцијата претседателот на Собранието, една од трите најважни државни функции. По изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието и неговата оставка од лидерската позиција во Алтернатива поради неспоjливоста на оваа државна функција со партиска функција, на Централниот одбор му е упатена пораката да организира вонреден контрес за избор на претседател. Засега, како што е познато, вршител на должноста претседател на Алтернатива е поранешниот министер за здравство, Беким Сали.

„На денешниот состанок на Централниот одбор на Алтернатива, Орхан Муртезани  беше предложен за кандидат за министер во Министерството за евроинтеграции. Тој е поранешен директор во МЕПСО, како и секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива“, велат од партијата и додаваат дека едногласно е одлучено заменик министер за образование и наука да биде професорот Љуљзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошки факултет.

Алиу е и поранешен заменик министер за образование и моментално секретар на Секретаријатот за стратешки прашања на Алтернатива, велат од паријата.

Раководството на партијата за заменик министер за односи меѓу заедниците на Мицкоски ќе му ја предложи универзитетската професорка Сафије Садики Шаини.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ на состанок утре ќе расправа за своите кадровски решенија, а како што најави партискиот лидер Мицкоски, во вторник предлгот за нова влада тој ќе го достави во Собранието. Претседателот на Собранието најави дека предлогот ќе им биде оставен на пратениците за разгледување неколку дена, по што ќе биде свиката седницата за избор на влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ