четврток, 16 јануари 2025

Муртезани 4 дена во Полска и Украина – за придвижување на македонските евроинтеграции и поддршка на украинските

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани од денeска до 19 јануари ќе престојува во работни посети на Полска и на Украина.

Објавено на

часот

Сподели

За време на посетата на Полска министерот Муртезани ќе се сретне со полскиот министер за прашања на ЕУ, Адам Шлапка, соопшти Министесртвото за евопски прашања.

Од почетокот на јануари, Полска го презема од Унгарија шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. Двајцата министри на средбата ќе разговараат за приоритетите на полското претседавање со ЕУ, како и за процесот на пристапни преговори на Македонија.

Од Полска, министерот Муртезани продолжува во работна посета на Украина. Во Киев, предвидено е Муртезани да се сретне со заменик претседателката на Владата на Украина за европски и евроатлантски интеграции, министерка за правда и главен преговарач за членство на Украина во ЕУ, Олга Стефанишина. Во рамките на посетата, ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу Македонија и Украина, кој ќе ја унапреди соработката во процесот на европската интеграција и ќе ја зајакне поддршката за Киев на патот кон членство во Европската Унија.

За време на посетата на Украина, министерот Муртезани ќе има средби и со пратеничката во Врховната Рада на Украина и претседателка на комитетот за прашања за интеграција на Украина во ЕУ, Иванна Климпуш-Цинцадзе, заменик министерот за надворешни работи на Украина, Евген Перебинис како и со заменик министерот за култура и стратешки комуникации на Украина одговорен за европски интеграции, Андриj Наджос, се наведува во соопшптението од Министесртвото за европски прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ