недела, 27 октомври 2024
СМЕТА ДЕКА ДРУГИ КЛУБОВИ СЕ ФАВОРИТИ

Мурињо со брутален коментар за трката за титулата во Премиерлигата, „специјалниот“ објасни зошто Арсенал нема да биде шампион

Жозе Мурињо вели дека главната битка за титулата во Премиерлигата ќе се води помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, „специјалниот“ смета дека Арсенал нема да биде шампион и покрај тоа што во моментов „топчиите“ се на врвот на табелата.

Објавено на

часот

Сподели

Жозе Мурињо, како гостин во подкастот на Џон Оби Микел, даде брутален коментар за трката за титулата во Премиерлигата.

„Манчестер Сити има 51% шанси и Ливерпул има 49% шанси“ – порача „специјалниот“.

Запрашан дали Арсенал е во трката за титулата, тој кратко одговори: „НЕ“.

Џон Оби Микел само се насмевна и рече: „Ривалството се уште постои“, а Жозе продолжи: „Не се работи за ривалство… едноставно ова не е правиот момент за нив“.

„Искрено, го тргам ривалството на страна, и би сакал тие да станат шампиони, би сакал трет тим во трката за титулата“.

„Челси нема шанси за титулата, па затоа не ги споменувам. Манчестер јунајтед исто така нема шанси за титулата, па затоа и нив не ги спомнува. Битката ќе се води помеѓу овие три клубови, и од овие три, би бил среќен доколку Арсенал стане шампион“.

„Навистина би бил среќен доколку Арсенал ја разбие доминацијата, но мислам дека е 51-49 помеѓу Сити и Ливерпул“.

„И го велам ова бидејќи кога ќе дојде згуснатиот распоред и ќе се игра на секои три дена, Манчестер Сити на располагање има два силни тима!“

Во моментов, Арсенал е лидер на табелата со еден бод повеќе од Ливерпул и Астон Вила, и пет повеќе од Манчестер Сити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ