сабота, 27 јули 2024
Тренерска смена на „Олимпико“

Мурињо си ги спакува работите и си замина со солзи во очите, Рома го потврди Де Роси (ВИДЕО)

Жозе Мурињо со солзи во очите го напушти тренинг центарот на Рома, „волчицата“ на негово место го именуваше Даниеле Де Роси за нов тренер.

Објавено на

часот

Сподели

Жозе Мурињо доби отказ, сопственикот на Рома, Ден Фридкин утрово го информирал Португалецот дека завршува неговата авантура на „Олимпико“.

Па „Специјалниот“ си ги спакува работите и со солзи во очите го напушти тренинг центарот на „волчицата“ без да каже ништо, само се поздрави со навивачите кои го чекаа пред портите.

Во меѓувреме, Рома соопшти дека Даниеле Де Роси е именуван за нов тренер, легендата на клубот доби договор до крајот на сезоната.

Италијанецот попладнево пристигна во тренинг центарот во Тригорија за да го одработи првиот тренинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ