сабота, 22 јуни 2024
Лига Европа

Мурињо: Севиља има шест од шест во ЛЕ? Историјата не игра

Објавено на

часот

Сподели

Рома ќе треба да урне една неверојатна традиција за да го крене трофејот од Лига Европа, Севиља е беспрекорна во ова натпреварување. Финалето се игра вечерва со почеток од 21 часот.

„Ова беше долг пат, поинаков од тој на нашите противници бидејќи тие дојдоа од Лигата на шампионите“, вели Мурињо.

„Требаше да одиграме 14 натпревари за да дојдеме до тука и без сомнение го заслуживме тоа. Заслуживме да играме финале и времето за тоа дојде. Во изминатите два-три дена работиме на тоа“.

Севиља шест победи во финалињата од Лига Европа во исто толку финалиња, тоа е најтрофејниот клуб во ова натпреварување.

„Историјата не игра, нашиот противник мисли поинаку. Тие мислат дека се фаворити бидејќи историјата така вели, го почитуваме тоа. Но ние заслужено сме во финалето“.

„За нив е речиси нормално да играат во финале од Лига Европа, за нас е нешто исклучително. За фановите на Севиља, играњето во европско финале е како играње во Шпанија, за нас е нешто историско“.

„Буџетот на Севиља не е ист како оној на Рома. Ние имаме фудбалери кои играа во Б тимот минатата година. Јас сум имал повеќе можности да играм во европските натпреварувања, но Мендилибар е ист генерација како и јас, па тука сме еднакви“.

„Фудбалерите исто, Севиља има играчи со поголемо искуство, но ние игравме заедно две години“.

Мурињо на крајот кажа дека Пауло Дибала е подготвен да одигра 20-30 минути од финалето.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ