Во финишот од мечот против Фиорентина, Рома остана со девет фудбалери откако Залевски и Лукаку беа исклучени.
Мурињо веднаш ангажираше дете кое собира топки, прво му шепна нешто на увото, потоа отрча до клупата, зема лист, напиша нешто и го прати по момчето кон Руи Патрисио.
Според „ДАЗН“, пораката која ја пратил Мурињо е Ел Шарави и Едуардо Бове при корни да стојат покрај стативите, ова се претпоставува дека му било важно на Мурињо по исклучувањето на Лукаку бидејќи Рома губи важен играч во воздушните дуели.
Руи Патрисио ја прими пораката, го прочита ливчето и му го врати на детето.
Натпреварот заврши 1-1, Рома ја сочува мрежата откако остана со двајца играчи помалку.
Jose giving the ball boy a note to give Patricio
— J (@MourinhoPics) December 10, 2023
“??? ??? ????????, ?’è ?? ????????? ??? ??. ?? ????? ???”#Mourinho #Roma #DAZN pic.twitter.com/rWhPTB1mub
— DAZN Italia (@DAZN_IT) December 10, 2023