Имаше шпекулации дека Саудијците се силно заинтересирани за Мурињо и имале и лични состаноци со него во кои се обидувале да го убедат.
Сега се познати и некои детали кои претходно ги немаше. Мурињо добил формална понуда од Ал Хилал со плата од 30 милиони евра по сезона.
Со таква плата Португалецот ќе беше убедливо најплатениот тренер во светот на фудбалот, но Мурињо одбил.
Тој одлучил да продолжи во Европа и да остане верен на проектот на Рома.