Во моментов се случува вистинска инвазија на Саудијци кои сакаат да однесат колку што е можно повеќе играчи и тренери од Европа во нивните клубови.
Понуда добил и Жозе Мурињо, понудата била многу висока, но Португалецот не бил заинтересиран за работа во Саудиска Арабија.
Приоритет за него бил проектот на Рома, со италијанскиот клуб има договор до јуни 2024 година, а се зборува дека би можел да потпише и нов договор.