сабота, 27 јули 2024
Португалецот не сака сребро

Мурињо му го подари сребрениот медал на навивач (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мурињо синоќа го загуби своето прво европско финале откако Рома на пенали беше поразена од Севиља.

Брзо откако го доби сребрениот медал, Мурињо му го даде на едно момче во публиката.

„Златните медали ги чувам, но сребрените не ги собирам, не ги сакам и секогаш ги подарувам. Така беше и сега“, рече Мурињо.

Португалецот често знае да го прави тоа, а во минатото дури и златни медали подарувал во публиката, без разлика што вели дека нив ги чува.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ