петок, 18 октомври 2024
Почна со психолошките игри

Мурињо: Интер има двајца играчи на секоја позиција, кога видов кого сè имам јас на клупа…

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо почна со психолошките игри пред пресметката со Интер во недела, вели дека „нероаѕурите“ на располагање имаат два квалитетни тима и можат да ротираат, додека тој нема таков луксуз.

Објавено на

часот

Сподели

Рома синоќа со 2-0 ја совлада Славија Прага во Лига Европа и на најдобар начин се загреа за дербито против Интер на „Џузепе Меаца“.

Жозе Мурињо е мајстор за психолошки игри, па тренерот на „волчицата“ уште вчера ја почна војната со „нероаѕурите“.

„Во недела ќе има дуел на две целосно различни екипи. Едната има два квалитетни тима и може да одмара играчи, има по двајца на секоја позиција, плус ќе имаат два дена повеќе одмор, па ќе можат да играат со голем интензитет. Другата екипа пак има многу тешкотии“ – порача „специјалниот“.

„Кога на крајот го видов Кристанте како лежи на тревата и се жали на повреда, паднав во очај. Сигурен сум дека мојот колега Симоне Инзаги не гледа драма кога ќе му се повреди играч, но за жал, за мене е драма кога ќе се повреди некој“.

„Денеска сакав да направам замена и од горе погледнав (Португалецот беше суспендиран и натпреварот со Славија го следеше од трибините) кои играчи се на загревање и таму беа Пагано, Писили, Жоао Коста, Керубини и Д’Алесио (сите од Примавера тимот)“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ