„Специјалниот“ често знае да влезе во конфликт со своите фудбалери, но и знае да направи фантастична атмосфера во соблекувалната и фудбалерите да гинат на теренот спроведувајќи ги неговите идеи и замисли.
Дека знае да ги инспирира играчите, Жозе Мурињо покажа уште еднаш по натпреварот на Рома против Сервет во Лига Европа.
Додека даваше интервју, тренерот на „волчицата“ прекина со изјавата и го повика 19 годишниот Франческо Д’Алесио, кој е дете на Рома и синоќа доби шанса да дебитира во првиот тим.
Португалецот потоа почна да раскажува фантастична приказна и рече: „Летоска, пред децата да се вратат во училиште, на еден наш тренинг се собраа многу деца пред Тригорија, почнаа да врескаат и бараат да влезат внатре и да не гледаат“.
„Тој (Д’Алесио) тренираше со нас и ми рече дека кога имал 7, 8, 9 години, бил едно од децата кои врескале пред тренинг центарот и сакале да влезат внатре, но никој никогаш не им ги отворил вратите и не ги пуштил внатре“.
„Па јас решив да ги усреќам децата, ги отворив вратите и ги пуштив“.
„Сега ова момче игра во дресот на Рома, во Лига Европа, на Олимпико пред 50.000-60.000 навивачи, пред семејството“.
„Немам што да кажам повеќе, тој нека продолжи. Браво!“
?️ José Mourinho su Francesco D’Alessio al termine di #RomaServette ?#ASRoma #UEL pic.twitter.com/S1VJFz1oXk
— AS Roma (@OfficialASRoma) October 6, 2023