петок, 18 октомври 2024

Мурињо ги нарече идиоти тие што велат дека намерно добил црвен картон

Жозе Мурињо ги нареше идиоти тие што сметаат дека тој намерно добил црвен картон со Монца за да не се појави на мечот во Милано против својот поранешен клуб, Интер.
 

Објавено на

часот

Сподели

Во самиот финиш од мечот со Монца, Мурињо доби црвен картон поради една гестикулација кон противничкиот тренер. Некои сметаат дека Португалецот намерно го направил тоа за да го избегне гостувањето кај Интер.

„Многу идиоти кажаа работи кои само идиот може да ги каже. Уште поидиотско е тоа што некои и од фудбалскиот свет го кажаа тоа. Јас сум тренер на Рома, сакам да бидам со мојот тим“, вели Мурињо.

„За жал, тоа што се случи во последната минута од мечот со Монца се случи. Жалам што не можам да бидам со моите фудбалери против Интер“.

„Не знам дали заслужив црвен картон или не, но мора да биде исто за сите. Сум видел како други тренери ги прават истите гестикулации како и јас, дури и полоши, но со мене секогаш е истата приказна“.

„Имав добро однесување цела сезона, сега сум исклучен. Ако за мене е така, мора и за другите да биде исто“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ