петок, 18 октомври 2024

Мурињо е кандидат за тренер на Реал Мадрид

„Мундо Депортиво“ пишува дека Жозе Мурињо е еден од кандидатите за тренер на Реал Мадрид по заминувањето на Карло Анчелоти.
 

Објавено на

часот

Сподели

Иднината на Мурињо во Рома е неизвесна, а неговиот актуелен договор е со трајност до крајот на оваа сезона.

Ист е случајот и со Карло Анчелоти во Реал Мадрид, со таа разлика што иднината на Италијанецот е извесна и тој ќе стане селектор на Бразил на лето.

Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез сака да го врати Жозе Мурињо во Реал Мадрид, тој е на врвот меѓу кандидатите за нов тренер.

Мурињо беше тренер на Реал Мадрид од 2010 до 2013 година и остави добар впечаток.

Претходно се шпекулираше дека Чаби Алонсо ќе биде наследникот на Анчелоти. Но, јасно е дека додека нема официјална одлука, често ќе има шпекулации со тренерски имиња кои ќе бидат поврзувани со кралскиот клуб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ