сабота, 27 јули 2024
Португалецот сметал дека бил предаден од фудбалерите на Рома

Мурињo оставил прстен во шкафчето на капитенот Пелегрини и му порачал: Кога ќе станеш маж, ќе ми го вратиш

Жозе Мурињо сметал дека бил предаден од фудбалерите на Рома, па пред да замине, во шкафчето на капитенот Лоренцо Пелегрини го оставил прстенот добиен како подарок за триумфот во Конференциска Лига.

Објавено на

часот

Сподели

„Специјалниот“ доби отказ од Рома на средината од јануари, серијата лоши резултати го натераа сопственикот Ден Фридкин да повлече потег, да го разреши Португалецот и да го именува Даниеле Де Роси за нов тренер.

Денешното издание на „Ил Месаџеро“ објави детали од збогувањето на Жозе Мурињо со „волчицата“.

Стратегот сметал дека бил предаден од фудбалерите, не добил доволна поддршка кога било најтешко, па во шкафчето на капитенот Лоренцо Пелегрини го оставил прстенот кој го добил како подарок од составот за триумфот во Конференциска Лига.

Жозе Мурињо исто така оставил и фотографија од самиот себе на која позира со неколку трофеи и напишал порака до капитенот: „Кога ќе станеш маж, ќе ми го вратиш ова!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ