Катар се соочи со огромни притисоци од здравствените светски организации за да го организира СП во зима поради летните жеги, за што ФИФА најави дека наскоро и ќе разговара, па дури и дека може да ги прифати сугестиите. Бил Каплан, директор на компанијата, застана на страната на организаторот, потенцирајќи дека топлото време во летно СП во Катар е еднакво на ниските температури за време на Зимските олимписки игри.
„Едно е сигурно, може да се игра СП во Катар на лето. Сите објекти ќе имаат соодветна температурна контрола. И Зимските игри се студени, па спортистите и гледачите се приспособуваат. Истото би било и во услови на топло време. Јас сум убеден дека Катар ќе организира одлично СП“, рече Каплан.
Катар, откако изненадувачки ја доби организацијата, што предизвика и бура на реакции со сомнежи за корупција со купување гласови, најави дека за време на Мундијалот сите стадиони и пристапот со метроа до нив ќе бидат климатизирани помеѓу 26 и 28 Целзиусови степени.