„Ние влеговме во доста проекти од типот на дуално образование со средното медицинско и програмата за практикантство со факултетите, каде што повеќе од 100 факултетлии доаѓаат во компанијата и работат со ментори за по завршувањето на факултетот да работат во компанијата. Секоја година правиме анализа на задоволството на вработените со разни додатни програми за да ги мотивираме, затоа што на младите луѓе веќе не им се важни само парите. Ние зборуваме за квалитетот на живот, зборуваме за квалитетот на воздухот, зборуваме за содржината која тие ќе ја имаат надвор од она што го доживуваат на работното место. Значи многу фактори. Ние треба да сме свесни дека не се сведува сѐ само на она што им го нудиме ние како компанија на нашите вработени, туку каков е целиот пакет“, вели Мукаетов во интервјуто за Ал џезира.
Мукаетов за Ал џезира: Најголем предизвик за нас е како да ги задржиме квалитетните луѓе (ВИДЕО)
ТОП ВЕСТИ