За денеска точно напладне е закажано изборното собрание на РФМ на кое ќе биде избран новиот прв човек на македонскиот ракомет.
На ова собрание ќе биде означен и крајот на успешното владеење на Живко Мукаетов кој по 12 години на чело на РФМ реши да се повлече од функцијата.
За нов претседател треба да биде избран Александар Стефанов кој е единствениот кандидат. Тој е главен спонзор на ракометниот суперлигаш Бутел и член на Управниот одбор на РФМ.
Тој ќе биде шестиот претседател во историјата на РФМ, покрај Живко Мукаетов во минатото на чело на ракометната организација беа уште Михајло Михајловски, Трифун Костовски, Душко Кадиевски и Иван Бојков.