„Прославивме 30 години од основањето на данскиот конзулат, чие седиште е во просториите на компанијата. Регистриравме ново друштво во Казахстан. Инвестиравме во истражувачко-развојна компанија за развој на биослични лекови во Јужна Кореја. И покрај сите предизвици со кои се носевме во текот на годината која изминува, ‘Алкалоид’ презентираше успешни резултати во работењето…
Проектите за општествена одговорност на „Алкалоид“ продолжија и во текот на годинава. Особено ми е драго што по кратка, принудна пауза повторно се собравме во импозантен број од над четири илјади присутни на нашиот хуманитарен хепенинг, донирајќи ѝ ги собраните парични средства на организацијата СОС Детско село“, вели меѓу другото Живко Мукаетов, генералниот директор на „Алкалоид“ во новогодишното обраќање.