сабота, 27 јули 2024

Мухамед Али полни 70 години

Објавено на

часот

Сподели

Борбите на Мухамед Али беа огромни спектакли

Али, кој боледува од Паркинсоновата болест, во последно време живее во Аризона, а на свеченоста ќе добие големи почести. Се планира на прославата да биде присутен и Данди Ејнџел, тренерот што го следеше во кариерата, како и многу други пријатели на легендата. На приватната забава влезниците чинат по 1.000 долари, а предвидени се вечера и забава со многу говоранции.

„На прославата ќе бидат сите што беа дел од животот на Али, а целиот собир ќе биде потсетување на делата на големиот спортист. За глобална икона како Мухамед, човек што влијаеше на животите на милиони луѓе, 70-тиот роденден е голем настан“, рече Џени Кенк, портпаролката на центарот „Мухамед Али“ во Луисвил.

По завршувањето на приватната прослава, ќе биде организирана цела низа настани со име „Седум дена за седум децении “, каде што покрај другото, ќе се проектираат и најдобрите филмови за легендарниот боксер. Центарот „Мухамед Али“ годишно е посетен од 85.000 луѓе.

Меморијалниот центар „Мухамед Али“ во Луисвил

Али на Олимписките игри во Рим 1960 година освои златен медал во полутешка категорија. Три пати беше светски шампион, а го освои и првенството на Северноамериканската боксерска федерација. Тој одби да служи војска додека траеше војната во Виетнам во 1966 година, а поради тоа титулата му беше одземена, му беше забрането да боксува во САД и му се закануваше казна затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ