сабота, 27 јули 2024

Муцунски: „Патрик“ – нов рекреативен комплекс во Аеродром

„Патрик“ сега е нов, модерен рекреативен комплекс на површина од 1.600 квадратни метри. Убав почеток на годината во која реализацијата на капитални инвестиции ќе биде приоритет во нашето работење. Ова на својата фејсбук страница го напиша градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски зборувајќи за новите капитални проекти кои ќе бидат приоритет во Аеродром оваа година.

Објавено на

часот

Сподели

„Ветивме поубава, модерна и урбана општина, а со силна заложба и преку континуираните инфраструктурни проекти и инвестиции, ветувањата стануваат реалност“, истакна Муцунски во својата објава.

Освен реконструкцијата на спортскиот комплекс „Патрик“, општината ја почна постапката за доградба и надградба на детската градинка „Изворче“, а наскоро започнува реализацијата на уште една инвестиција во чии рамки ќе се изврши доградба и надградба на основното училиште „Блаже Конески“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ