сабота, 19 октомври 2024

Муцунски: Ново игралиште во Аеродром од 1.600 м2

Објавено на

часот

Сподели

„Продолжуваме да инвестираме во спортската инфраструктура. На локацијата познат како „Патрик“ и во непосредна близина на „Три Бисери“, Аеродром ќе добие целосно ново мултифункционално игралиште за фудбал и ракомет на површина од 800 метри квадратни метри, кошаркарско игралиште на површина од 400 метри квадратни и инклузивно детско катче на површина од 400 метри квадратни“, истакна градоначалникот Муцунски во видеото објавено на неговата фејсбук страница.

Со новите детски и спортски игралишта и завршувањето на овој проект аеродромци ги добиваат најдобрите и најмодерни спортски терени, а Аеродром станува општина која ги поддржува спортските таленти во остварување на нови успеси, се вели во соопштението на општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ